Претседателот на Албанија Илир Мета од денеска ќе престојува во тридневна официјална посета на Република Македонија.
За време на посетата, Мета ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски, потврдија од кабинетот на шефот на државата.
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека поради официјалната посета на албанскиот претседател Мета, ќе бидат преземени мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје од денеска до среда.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.