4000 евра во рок од 24 часа да бидат доставени кај командирот дома, или ќе те убиеме заедно со жена ти и децата. Затвореникот Јанко Јаневски тврди дека секојдневно добива вакви закани во затворот во Идризово, објави тв Алфа.

Јаневски кој бил поранешен заменик министер за култара и е осуден на 9 годишна затворска казна за злоупотреба и измама, раскажува дека неговата голгота започнала пред два месеци кога од затворено одделение бил префрлен во полуотворено. Зошто бараат пари од него, која е вистинската причина – вели дека не знае.

И заканите не завршиле тука. Потоа според неговото сведочење почнале да му ѕвонат и осудените за Диво Насеље.

Ги повикува надлежните веднаш да реагираат.

Алфа се обрати до директорот на затворот „идризово“, Зоран Јовановски кој првчно рече дека не знае што се случува, но дека ќе провери. Потоа повторно го контактиравме, па ни кажа дека веднаш ги повикал затвореникот и командирот на разговор.

Оваа работа не е од сега, трае подолго време. Колку што се информирав станува збор за должничко доверителски однос меѓу нив и лично недоразбирање, вели директорот Јовановски.

Целиот прилог можете да го погледнете тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.