„Тоа е редовна средба која што е со драг пријател, кој што долго време е таму каде што е. И ценам дека од средбата не треба да се гледа каква е пораката туку треба да се каже дека никој не е заборавен“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во вестите на ТВ Алсат говорејќи за средбата со Гордана Јанкуловска.

Мицкоски додаде дека Гордана Јанкуловска е жртва на еден политички прогон и тортура која што и се прави веќе три години.

Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ се грижи буквално за секој еден лојален член, за секој еден член кој што оставил неизбришлива трага во работењето на партијата. И ценам дека Гордана Јанкуловска е жртва на еден политички прогон и тортура која што и се прави еве веќе цели три години“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Тој посочи дека средбата беше денеска бидејќи Гордана Јанкуловска денес добила слободен викенд.

Таа денеска доби право да користи викенд, и таа го користи. И нема друга некоја посебна причина, рече тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.