Поплавени подруми во 30 објекти, излеана канализација, паднати дрва, блокирани улици…. Ова е билнасот од синоќешното невреме кое најмногу го погоди Кавадарци. 50 пријави пристигнале на адреса на надлежните служби кои веднаш реагирале и на терен работеле до раните утрински часови. Градот за кратко време бил нормализиран, а во текот на следните два дена ќе се изврши негово целосно миење и чистење. Градоначалникот Митко Јанчев за Канал 5 вели дека во наредните денови ќе се врши и проценка на материјалните штети па ги повика граѓаните да пријавуваат.

Вчера попладне големи наноси на дожд наврнаа речиси во цела Македонија. Од ЦУК инфомираат дека штети се пријавени и во Штип. Се поплавила подрумска просторија од затната канализација, а од ЈП Исар се известени за проблемот.

Невреме се најавува и за вечерва. Од УХМР инфомираат дека врнежи на одредени места има од утринава, а просечните температури се под просечните за овој период од годината, се движат до максимум 28 степени.

Сонцето повеќе ќе грее веќе од утре, велат од Управата. А, високите температури до 39 степени граѓаните да ги очекуваат веќе наредниот викенд.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.