Социјалистичката партија на Македонија потсетува дека Пописот од 2021 година во периодот на неговото спроведување од повеќето партии меѓу кои и од СПМ беше оценет како лошо спроведен, без соодветна регулатива, со лоша методологија и без позитивна оценка од Евростат.
И покрај укажувањата од експертите и политичките партии власта си спроведе попис спротивно на стандардите и доби податоци кои се малку употребливи, нејасни и некорисни. Се манипулираше со местото на живеење, попишување со изјави и без документи, попишување за други лица, самопопишување на дијаспората, отсуство на контрола на попишувачите, отсуство на хартиена форма на податоците и друго, Сето тоа овозможи да се изврши инженеринг и манипулација со бројките кои се објавија од пописот, за што опозицијата предупредуваше. Ја потсетуваме јавноста на самонабеденото однесување на директорот на Заводот за статистика со неговата неприкладна конфронтација со политичките фактори, но и со целата јавност, за на крај резултатите да бидат верификувани од страна на неговиот заменик, како апсурден крај на целата статистичка операција според желбите на власта на СДС и ДУИ.
Отвореното сомнмевање во реализацијата на пописот го потврди Државниот завод за ревизија во својот Извештај за Пописот 2021.каде констатира недоследности во начинот на планирање на средствата, набавката на совтверската апликација за самопопишување, набаката на преносни компјутери и начинот на исплата на надоместоците.
И покрај бројните забелешки и констатирани пропусти Државниот завод за ревизија потврдува му дава делумен легитимитет на Пописот, но со загрижувачки забелешки кои сериозно ја доведуваат во прашање исправноста на Пописот, а со тоа и на пописните резултати. Затоа сомнежите кои останаа кај мнозинството граѓани после Извештајот на ДЗР повторно се актуелизираат на што следи нашата сериозна реакција.
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека се бројни нелегитимните настани кои го следеа пописот и посебно оспорените законски основи за спроведуавњето на оваа операција за која се потрошија 7,9 милиони евра, а се добија ограничени или безкорисни ефекти.
Со активностите и соопштенијата со кои се обраќа Државниот завод за статистика врз база на објавените пописни податоци се согледува неправилната поставеност на власта и парламентот, односно институционалните надлежности, притисоци и влијанија врз нив од страна на СДС и ДУИ заради што произлезе одредена несоодветност на пописот и на пописните постапки и резултати.
Социјалистичката партија на Македонија констатира дека со сè што е сработено и прикажано се потврдува дека Пописот 2021. е политичка, а не статистичка операција направена за власта на СДС и ДУИ зошто е следена со бројни неправилности и сомнежи од граѓаните во државата и во странство. За свесни направените пропусти и манипулации во делот на набавките, користењето на софтерските решенија и апликации, начинот на попишување одговорните лица мора да сносат одговорност, за што надлежните институции во согласно со законските надлежности потребно е целиот случај детално да го испитаат.
Оттаму сметаме дека нов попис ќе биде неопходен во услови кои ќе ги обезбеди новата демократска и легитимна власт на Република Македонија, се вели во соопштението на СПМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.