Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево имаше телефонски разговор со новиот премиер на Република Бугарија, Николај Денков, кому му го честиташе мандатот посакувајќи му  успешна работа на новоизбраната Влада што ја предводи.

-Во разговорот е изразено очекување од двете страни за добра меѓувладина соработка, во интерес на граѓаните и на добрососедските односи. Разговарано е за важноста од промоција на позитивната реторика којашто придонесува во меѓусебната доверба, како и од продолжување на динамиката во билатералната агенда и средбите меѓу министрите во владите кои ќе придонесат кон постигнување резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните, информира владината прес-служба.

Како што е наведено во соопштението, з„аедничка е оценката дека е потребна конструктивност во пристапот и понатамошната соработка, за коешто постои увереност и кај двајцата премиери дека го очекуваат и граѓаните на Македонија и Бугарија, но и регионот, Европската Унија и меѓународните партнери



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.