Излезеноста на претседателските избори до 18.30 часот, половина час пред затворањето на избирачките места, изнесува 48,27 отсто од обработени 87,87% од податоците, покажува сајтот на Државната изборна комисија.

Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголема излезенот е забележана во Новаци со 71,07% додека најмала е излезеноста во Шуто Оризари, 25,43%. Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.

До ДИК досега се доставени вкупно 345 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 98 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 36 приговори се отфрлени како неуредни а 46 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка, соопшти ДИК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.