Реките народ кои осум дена се движат по улиците во Скопје порачувајќи ѝ на власта дека нема да прифатат никаков француски, европски или бугарски предлог кој ќе не обезличи како народ денеска пред Собранието беа пречекани од полициски кородон на бул. „11 Октомври“. Досега немало пракса полицијата да се позиционира на сред улица. Очигледно полицијата под раководство на Оливер Спасовски се обидува визуелно да ѝ порача на јавноста малку ве има. Ако ја запре реката на свиокот каде што булеварот се спојува со улицата „Димитрија Чуповски“, на фотографиите и снимките ќе биде прикажан значитечно помалку народ.

Досетливо, нема што.

Но, народ никој не победил, па нема ни вие, порачаа демонстрантите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.