Поголем дел од Битола во централното градско подрачје, но и окололните населени места, вечерва е без струја. Од ЕВН Македонија известуваат дека причината е дефект на електродистрибутивната мрежа.

Покрај Битола од 19:40 часот без електрична енергија се и деловите околу Скопје: Говрлево, Св. Петка, Чифлик, Каменоломи Техно Павер и Мис Вато.

Како што покаснува ЦУК, имало дефекти во трафостаниците и преносниот нисконапонски дел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.