Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска на големиот празник објави видео на кое го прикажува почетокот на долгоочекувата изградба на новата болница во Гостивар. Во коментарите од градаѓинте има само пофални зборови.

-Почнавме со дела, болницата во Гостивар...напиша министерот за здавство.

Истовтремено, Таравари реагираше на изјавите на ДУИ заради вчерашниот инцидент на аеродромот во Скопје, во кој беше инволвирана шефицата на Косово, Вјоса Османи.

-Вреди“ изразува загриженост бидејќи ДУИ користи лаги и манипулации во обид да му наштети на „Вреди“, без да се грижи за последиците што може да му ги нанесе на Косово. Јавноста да ги следи фактите, а не пропагандата на ДУИ. Министерството за внатрешни работи и државата немаат надлежност за безбедноста на аеродромот, туку тоа е во надлежност на концесионерот, во случајов ТАВ. Според Виенската конвенција, државните лидери имаат посебен третман за време на патувањето, но деталите за безбедносните протоколи ги одредува концесионерот на аеродромот. Слично недоразбирање се случи и кога технички премиер беше Талат Џафери. Зошто ДУИ не зборува за тоа? Ја повикуваме ДУИ да одговори дали за време на нивни патувања избегнуваат скенери, прашува Таравари на ФБ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.