Мижи Асан да ти баам. Со цел памет нѐ убедуваат дека 240.000 луѓе не знаеле дали се православни, римокатолици или протестанти, па затоа биле внесени во општата графа „христијани“ на пописот. А јас тврдам дека од тие 240.000 попишани, дури 238.000 се православни, ама некому така му одговарало, вели во разговор за Плусинфо митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), г. Тимотеј. откако во резултатите од Пописот 2021 година, освен графите „православни“, „католици“, „адвентисти“, „протестанти“, вметната е и графата „христијани“ која брои над 240.000 луѓе.
Според него, појавата на графата „христијани“ е резултат на несоодветни попишувачи.
На попишувачите никој не им објаснил како стојат работите, односно дека и православните и римокатолиците и протестантите се христијани. Кога мене ме попишуваа, никој не ме праша дали сум православен христијанин. Јас морав да инсистирам да ме попишат како православен. Ако не инсистирав, којзнае во која графа ќе бев пишан, па сега ќе излезеше дека и јас како владика не знам од која вера сум. Ние сакаме да веруваме во институциите, но ова што се случи со пописот е неприфатливо и срамно. Поделбата на бројот на православните во две посебни графи со сигурност ќе направи штета во иднина – истакна г. Тимотеј.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.