„Почнавме преговори за членство во ЕУ-сѐ друго е лажна вест“. „Оваа година беше историска, ги отворивме преговорите со ЕУ“.„Одлуката за преговори со ЕУ не ни е подарена“.
Вакви беа изјавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи пред само една година откако дека веќе сме ги почнале преговорите со ЕУ. Иако сите велеа дека Македонија не почнала никакви преговори, Османи на ваквите забелешки одговараше дека тоа не точно. Еве сме сега на крајот на 2023 година и Македонија е таму каде што беше, ако не и пониско.
Почнавме разговори со ЕУ, по 17 години и сега почнува скрининг-процесот. Ова е историска година за нас“, -гласеше една од европските изјави на Османи.
Дека Македонија не ги почна преговорите со ЕУ се потврди и на Самитот на ЕУ каде не бевме дури ни на дневниот ред.Сега главни ѕвезди се Украина и Молдавија.
Токму на примерот на Молдавија се виде дека ако ЕУ сака може и нефункционална држава како Молдавија, или земја што и официјално е во војна како Украина, да отвори преговори.Повторувам, ако сака. Но, за Македонија и за Албанија не сакаат.
Па така, од нас ќе бараат уставни измени бидејќи ете „важната“ членка на ЕУ Бугарија се противи. За Албанија пак смислија уште посмешен изговор-Грција се противела што Албанија затворила некој корумиран грчки градоначалник.Нѐ прават малоумни.
Затоа смешни изгледаат денешните „плачки“ на Османи дека денеска можело и за нас да биде голем ден ама ете „антиевропските темни сили“ ги држеле со заложништо граѓаните.
Османи уште и се закани со зборовите „уште малку“.
Да, уште малку господине Османи,уште малку има до вашето заминување од власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.