По информацијата за огромното зголемување на цените на нафтените деривати почнаа да се создаваат редици пред бензинските пумпи. Репортерот на Press24 Од терен јавува дека граѓаните веќе се чекаат за да ги наполнат резервоарите пред промената на цените вечерва.
Најголемиот дел од бензинските пумпи воопшто не точат дизел вечерва.
Макпетрол во соопштение до јавноста објави дека имаат проблем со обезбедувањето на потребните количини дизел (кој од утре ќе биде 10 денари поскап) и на нивните бензински пумпи веќе не може да се наточи ова гориво.
Слична е ситуацијата и со останатите помали бензински. И таму не може да се најде дизел гориво. До пред 1 час, дизел непречено се точеше на бенизнските пумпи на „Лук Оил“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.