Операторите на италијанските бензински пумпи ќе стапат во 48-часовен штрајк во знак на протест против „срамната кампања за оцрнување“ и, според нив, погрешните мерки на владата во енергетската криза.

Како што соопштија три синдикати, штрајкот ќе почне во 19 часот по локално време и трае до истото време во четврток. Синдикатите Faib, Fegica и Figisc/Anisa ги повикаа своите членови во овој период да не дозволуваат ниту самопослужување.

Штрајкот доаѓа како одговор на мерките на премиерката Џорџа Мелони за борба против поскапувањето на горивата. Меѓу другото, финансиската полиција добила наредба да изврши увид на бензинските пумпи поради евентуално неоправдано поскапување.

Дополнително, операторите беа обврзани да ја објават просечната цена на литар од нивниот регион покрај цената на бензинот што се наплаќа на нивните пумпи. На прекршителите им се закануваат парични казни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.