Во Хрватска денеска се затворени првите бензиски пумпи. Тоа во изјава за ХРТ го нагласи Армандо Миљавац, кој ја затвори својата бензинска пумпа.

Моравме… Тоа е демонстративно затворање за луѓето да разберат дека тоа не е хир, ние сме во голема неволја. За да не зборуваме само, сакавме да преземеме чекори кои се неизбежни во оваа ситуација – рече Миљавац.

Тој додаде дека денеска, според неговите сознанија, биле затворени уште пет-шест пумпи, поради недостиг и недостапност на гориво.

Нема доволно гориво на пазарот, не сме имале ни досега. Како компанија добивме 50 отсто од потребните количини. Се плашиме дека сето ова нема да заврши добро и дека ќе има нарушувања на пазарот – потенцира Миљавац.

Тој изјави дека и покрај тоа што владата ги корегира цените на горивата, бизнисот се уште работи со значителна загуба.

Нашиот проблем е што правиме загуби веќе девет месеци. Работиме со маржи што не се доволни за покривање на трошоците, а сега не ни остануваат пари. Едноставно немаме каде – заклучи тој.

Миљавац вчера изјави дека очекува затворање на околу 240 бензински пумпи во Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.