Во Тетово почина Томислав Стојановски-Бомбај, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија и лидер на Демократската партија на Македонија (ДПМ). Тој беше роден 1940 година во Тетово, а завршил Машински факултет.
Беше избран за пратеник од редовите на ДПМ на изборите во 1994 година, а беше и кандидат за градоначалник на Тетово во неколку наврати.
Стојановски беше познат како долгогодишен директор на Средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Бил и директор на енергетското одржување на некогашниот текстилен гигант „Тетекс“. Откако се пензионираше Стојановски го основа Тетовскиот фолк фестивал што се одржуваше во манастирскиот комплекс во селото Лешок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.