Владата на Ковачевски која има полна уста прозападна реторика дозволила фирма од црната листа на САД да добие милионски тендер и тоа не било каде, туку во Министерството за внатрешни работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму бараат Ковачевски, Османи и Спасовски да кажат како поделиле тендери на фирми на Милорад Додик и каков бизнис интерес има некој од тоа?

Додека власта ги обвинува граѓаните за проруско расположение контроверзна компанија добила три тендери во вредност од 1,643 милиони евра од МВР. Меѓу другото оваа компанија добила тендер за набавка на 1.500 компјутери. И власта во ова не гледа ништо спорно исто како што не гледаше спорно и во бизнисот кој го имаа со прорускиот бизнисмен Дака Давидовиќ. Ете ова е лицемерието на заевизмот кое Ковачевски само го продолжува. Ги обвинуваат граѓаните, ја обвинуваат опозицијата, а тие на големо тераат милионски бизниси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.