Почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта се одложува за 1 февруари годинава. Ваквата одлука Владата ја донесе по препорака на Главниот координативен кризен штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.
Како што соопштија од Министерството за образование и наука (МОН), согласно одлуката, наставата со физичко присуство во училиштата продолжува на првиот ден од месец февруари.
Оваа одлука нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за наставната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови – посочуваат од МОН.
Оттаму апелираат до родителите, наставниците и учениците и за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од Ковид-19, во домашни услови и на отворено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.