Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го честита изгласувањето на францускиот предлог. Фон дер Лајен твитна дека Македонија ја зграпчила истрискатаа шанса кон својата европска иднина.

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен беше последната во редицата високи германски државни функционери која ја посети Македонија пред рефрендумот за промена на името во 2018 година.

Нејзината порака за референдумот беше „Од нашето искуство со повторното обединување можам да ви кажам дека ова е уникатна шанса. Свесна сум колку е важно името на државата за идентитетот и културата на граѓаните, но референдумот е сепак голема шанса. Се надевам дека граѓаните ќе земат активно учество. Дека ќе бидеме заедно во обединета Европа“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.