ВМРО-ДОМНЕ го прозива јавното обвинителство зошто досега не се повикани на распит Зоран Заев и Вилма Рускоска, со оглед на тоа што таткото на Бојан Јовановски Миле Јовановски самиот изјави дека на врвот на рекетарската мрежа седел Зоран Заев.

Тој посочи дека Заев наредувал и управувал со обвинителството и судството. Јовановски кажа дека Заев праќал пораки со наредби кому да се  вратат пасошите. Воедно тој посведочи како Заев му кажал и го предупредил Бојан Јовановски дека против него е пријавен случај за рекет. Доколку ова е вистина, тоа значи дека ниту рекет бил можен без Заев, ниту пак е правда возможно со Вилма Русковска. Главното прашање, по сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, зошто обвинителството не ги повика Русковска и Зоран Заев на распит, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение.

Премиерот Зоран Заев бил на чело на рекетарската шема во Македонија тврди таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски во своето гостување во порталот А1 ОН, главната причина за нападот врз семејството Јовановски била за да се сокријат вистински виновници за рекетот во Македонија.

Јас мислам дека сето ова што ни се случува е поради Бојан. Тие си ги најдоа кривците за да се оправдаат себе си. Прв секако е тој што најмногу не сакаше да се дојде до негова близина, а тоа е Зоран Заев, вели Миле Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.