По вчерашното силно невреме што го зафати Скопје во ГОБ „8 Септември“ протекла вода во операционите сали на третиот кат, и поради тоа биле одложени операциите.

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата на својот Фејсбук профил објави дека негрижата и запоставувањето секогаш излегуваат на виделина.

Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница, порача Каревски.

Директорот на болницата, проф. д-р Христијан Костов во изјава за ТВ Телма вели дека преголемото количество на вода на кровните површини по што дренажниот систем не успеал да ја исдренира водата, и имало протекување во првата и втората операциона сала.

Меѓутоа сабајлето ние ги ставивме во функција другите две операциони сали кои што се на приземје. Имаше некои мали доцнења со започнувањето на операциите но сега тие се во надминати. Екипите за санација се веќе на терен, така што за брзо ќе бидат во функција и тие сали, вели Костов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.