СДСМ до Собранието поднесе Декларација за Илинден, најголемиот македонски државен празник. Ова следува откако иста декларација поднесе и партијата на поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков.
„Оваа година се навршуваат 120 години од Илинденското востание и создавањето на Крушевската република. Идеалите на таа Република и тоа востание беа инспирација на идните генерации борци за слобода кои во 1944 година на Првото заседание на АСНОМ ја формираа првата македонската држава.
Овие настани имаат големо значење за македонската историја и за борбата на македонскиот народ за слобода и сопствена држава.
Идеалите на Илинденците, македонските партизани и сите оние кои се бореа за слободна и демократска Македонија и за рамноправност и соживот на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или идеолошка припадност, треба да служат како основна водилка за сегашните и идни генерации за слободна, демократска и просперитетна Република Македонија.
Македонскиот народ, заедно со припадниците на другите народи кои живеат во неа и денес ја продолжуваат борбата за демократија и просперитет, водени од принципите на прогласите на Крушевската Република и Декларацијата за основните права на граѓанинот на демократска Македонија усвоени на Првото заседание на АСНОМ кои денес се преточени во преамбулата на Уставот на Македонија.
Оддавајќи почит на пожртвуваноста на борците за слобода и демократија наша должност е постојано да го искажуваме нашиот восхит и почит кон сите оние кои ги дале своите животи за слобода, испраќајќи со тоа силна порака за заедништво, рамноправност и демократија“, е содржано во Декларацијата што денеска е поднесена до Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.