Низа боледувања и земени одмори има од затворската полиција во затворот „Идризово“, потврдува директорот Зоран Јовановски во интервју за „Макфакс“. Ова се случува во период кога интензивно беа палени автомобили, а добивале и закани по живот. Околу 15 проценти од затворската полиција во моментов има извадено боледување, а Јовановски посочува дека „штом матичен доктор дал боледување, тогаш се болни“. Тој открива дали затворската полиција отвора боледувања оти се плашат од закани.

Одредени затворски полицајци воопшто не пријавуваат закани од затвореници, а Јовановски вели: „На мое прашање зошто не пријавуваат, велат, за да немаат проблеми“.

Прашан дали се точни информациите дека полицајците добиваат закани и по нивните семејства, тој додава: „Исказите на вработените го потврдуваат тоа дека им се заканувале и дека резултатот на заканите е палењето на возилата“.

Има такви случаиви што даваат отказ, меѓутоа со зголемување на бројот на затворска полиција би се сузбило тоа заканување, додава Јовановски.

Во истото интервју, кое може да го погледнете тука, Јовановски алармира дека во затворот е хаос и е пред колапс, затворениците спијат по ходници, а полицајците се без униформи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.