Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека во текот на денот ќе ја промовираат програмата „Платформа #1198“ која содржи точно 1.198 проекти и решенија кои се конкретен одговор за проблемите на граѓаните и нивните потреби.

Креирањето на оваа програма е финишот на повеќегодишен консултативен процес во кои беа вклучени експерти, професори, академската и стручната јавност, а во најголема мера беа слушнати барањата на граѓаните кои беа прибирани од редовните средби и дебати кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеше низ државата во изминаиот период.

 

Проектите и решенијата се насочени кон луѓето кои се на прво место. Оваа програма е реална и остварлива со главен фокус кон економијата и животниот стандард. Платформа 1 198 нуди нова надеж и определба дека државата која е одземена од неодговорната власта се враќа кај народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од партијата појаснуваат дека во програмата има мега проекти кои ќе бидат презентирани во текот на денешниот ден.

Пред образлагањето на главните проекти денеска ќе се одржат пет програмски дебати за програмата колку и што има столбови на програмата врз која таа се потпира.

„Платформата #1198“ опфаќа се од здравство до образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред, европски вредности кон кои што се стремиме.

 

Ова е програма што го става граѓаниот на прво место“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.