Ако ВМРО-ДПМНЕ знае да направи нешто што е навистина добро, тоа е да прави проекти, и програми кои ќе бидат најдобриот одговор за реалните проблеми со кој живее човекот. Тежината на оваа програма која ја промовирам денес а која е направена низ долготраен процес на консултации и собирање на најдобрите знаења на луѓето кои сакаат да се вградат во напредокот на државата, се состои во даденото ветување дека си стоиме на зборот. Тие што добро ме познаваат, знаат дека тоа што ќе го ветам, тешко го ветувам, но кога тоа ќе се случи ќе направам се за да го остварам – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната програмска дебата на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните параментарни избори, Платформа 1198.

Според него програмата наречена Платформа 1198 е длабоко визионерска програма посветена на развојот на Македонија, квалитетниот живот на сите граѓани, како и поставување на луѓето на прво место.

Платформа 1198 затоа што содржи 1198 проекти со кои решаваме огромен број на проблеми кај граѓаните, затоа што за нас луѓето се на прво место. Со фокус на реалните проблеми, оваа програма е срочена за да гарантира целосно функционирање на системот, заштита на националните интереси, квалитетно образование, како и модерен здравствен систем. Документот содржи и конкретни реформски мерки и политики кои ќе генерираат динамичен и повисок животен стандард, повисоки плати и пензии, притоа осигурувајќи ред и правда за сите. Програмата Платформа 1 198 се потпира на 5 клучни столба. И тоа Прво, активна и постојана борба за квалитетен животен стандард. Она што им е најпотребно на луѓето е пристоен живот. Второ отворање на фронт против корупција. Трето институтциите да работат според законите. Четвртиот столб е обезбедување на функционален систем за граѓаните. Петто, е заеднички патриотизам кој во сусштината е патриотиам кој обединува. И шестиот столб е непоколебливо почитување на правата и слободите на луѓето – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.