Претседателката Фон дер Лајен беше јасна во нејзините зборови.Не треба да ги парафразираме или толкуваме.
Ова е коментарот на портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро на прашањето на „Република“ каков е тој „уникатен“ идентитет кој го спомена на прес конференцијата во Скопје и дали мислела на македонски идентитет.
Фон Дер Лајен на прес конференцијата со премиерот Ковачевски изјави:
Затоа еден ден сигурна сум дека ќе ја пречекаме Cеверна Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и сопствен јазик. Денеска веќе имаме 24 различни јазици во ЕУ, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик во нив-рече претседателката на ЕК за време на посетата на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.