Во Министерството за надворешни работи, вчера, петти пат по ред, Политичките директори на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ),одржаа состанок, во присуство на претставници на Регионалниот совет за соработка (RCC) и на Европската Унија.

Во фокусот на средбата беа подготовките за состанокот на Министрите за надворешни работи, што ќе се одржи во Скопје на 13 јуни, и во овој контекст, се работеше на предлог-текстот на Заедничката декларација, како финален акт на едногодишното Претседавање.

Исто така, се разгледаа и кандидатурите за избор на генерален секретар на Советот за регионална соработка (RCC), според Повикот кое го отвори нашето Претседавање, со цел да се избере нов Генерален секретар, на оваа автохтона и најстара регионална иницијатива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.