Меѓународниот ден на Ромите не потсетува дека почитувањето на различностите е нашата најголема сила кон остварување на заедничките стремежи за подобра иднина на новите генерации, вели во честитката упатена до припадниците на ромската заедница по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот Кирил Пецаков.

Ромската заедница со својата културолошка уникатност е значајна алка во сите општествени процеси и многу важен дел од мултиетничкото живеење во Охрид и Македонија. Посакувам заедно да продолжиме да ја негуваме толеранцијата, да ги надминуваме предрасудите и да обезбедиме еднаквост и социјална правда за сите. Во мое лично име и во името на Општина Охрид примете искрени честитки за овој значаен празник со желби за добро здравје и големи успеси на секое поле, додава градоначалникот Пецаков во честитката по повод Меѓународниот ден на Ромите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.