Се виде на 18 август единството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за дневниот ред за уставните измени и таа тема е затворена. Остануваме на ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Сите јалови обиди дали преку странство, дали преку домашни и сегашни или минати политичари се залудни, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски за Анализа на ТВ24.

Петрушевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било поединствено, 80% од населението никогаш не било погласно дека овие уставни измени се непотребни.

Дополнителен аргумент дека сме било во право е денешниот документ од француско-германските експерти каде разработија студија со која треба да се реформира ЕУ и пристапниот процес и да се укине правото за вето, што е аргумент дека сме во право дека ваквата преговарачка рамка и договор кои ги прифати СДС се штетни. Нови ветришта дуваат во ЕУ и ако ова помине ќе има сосема нова ситуација, ова преговарачка рамка и процес и нема да биде вака како што СДС прифати, рече Петрушевски.

Петрушевски истакна дека тоа што е важно за нас во тој документ за реформи на ЕУ се поклопува со барањата на ВМРО-ДПМНЕ, се зголемуваат фондовите за земјите кои пристапуваат, а тоа што е најважно воведување на квалификувано мнозинство и се исклучува можноста за вето и во целост ќе се смени процесот на пристапување.

Паѓа во вода тоа што СДС го кажува, не ги предвиделе процесите и прифатија договор штетен на интересите на македонскиот народ, изјави Петрушевски.

Во однос на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за германски ФАЦ, Петрушевски нагласи дека изјавата е доволно јасна.

Нема што да се додаде, јасна е изјавата на претседателот Мицкоски. И се ова што се случува деновиве укажува дека се случуваат одредени дилови во позадина, кои се апсолутно непринципиелни. Се случуваат работи кои не можеме да ги поминеме и да кажеме дека се коинциденција, изјави тој.

Петрушевски додаде дека друг доказ за тоа е спроведувањето на делото, пред се на измените во Кривичниот законик со кој се амнестираат одредени функционери и сегашни и од минатото, но и идни.

Мислам дека се наоѓаме пред сериозен период во државата, можеби пресуден за иднината на Македонија, нагласи Петрушевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.