Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово. Во Приштина ќе има средба со министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај, при што ќе потпишат нов Меморандум за соработка во одбраната.
Петровска во командата на НАТО мисијата на Косово, КФОР, ќе се сретне со заменик – командантот на мисијата, италијанскиот бригаден генерал Лука Пиперни, по што во Командата на регион Запад, во Пеќ, ќе се сретне со командантот на оваа команда, полковникот Марко Јавароне, како и со контингентот од 74 припадници на Армијата на Република Северна Македонија кои се дел од оваа мисија, соопшти МО.
Во делегацијата предводена од министерката Петровска е и командантот на Командата за операции, бригадниот генерал Бесник Емини.
Северна Македонија од 2007 година обезбедува логистичка поддршка на НАТО мисијата во Косово, а од 2020 година како земја – членка на Алијансата во КФОР придонесува и со припадници на Армијата. Во моментов оваа мисија брои над 3.700 војници од 28 нации, велат од МО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.