Членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна вистински патриотизам и штитење на македонските интереси е полноправно членство во ЕУ, додавајќи дека местото на државите од Западен Балкан е во ЕУ и нема друга алтернатива.

-Вистинско штитење на националните интереси е Македонија да стане членка на ЕУ, затоа што тоа е најголемиот штитник на националните интереси. Бугаризација е кога 150.000 граѓани на Македонија ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива од економски карактер, наместо тоа треба да им понудиме тука, како земја членка на ЕУ каде што никој нема потреба да прави такви работи и на тој начин посилно се бранат националните интереси, рече Петров.

Скринингот е во тек, а европската политичка заедница, треба да се искористи, земји кои не се членки на ЕУ на иста маса со членките на ЕУ да ги кажат своите заложби, без вообичаените стеги на строгата оранизација на ЕУ, истакна Петров, додавајќи дека треба да се користи секоја можност да се седне на маса со колегите од Европа да се разменат мислења.

Тој нагласи во интерес на државата е да го смени Уставот и да се додадат делови од други народи во нашиот устав.

Прво ова нема да наштети на националните интереси на државата, а од друга страна ќе се добие многу и второ тоа е гаранција дека ние сме посебен народ, штом дел од некој народ го внесувате во Уставот, тоа е најголем демант на тезата дека ова е еден народ во две држави, истакна Петров.

Државата има корист да ги разреши пречките што стојат на патот кон ЕУ, да најде консензус помеѓу клучните политички фактори во државата и да оди напред, да ја респектира изјавата на евро-амбасадорот дека очигледна е желбата на САД и ЕУ Македонија да се стави на брза трака заедно со Албанија да влезе во ЕУ што побрзо и на тој начин да се затворат отворените прашања на Балканот, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.