Бугарскиот премиер, Кирил Петков, порача дека укинувањето на ветото на Бугарија за Македонија е функција на работата што мора да ја направат и македонската и бугарската страна за да се постигне напредок во сите важни точки.

Зборувајќи за „Нова Телевизија“, Петков порача дека добрососедството треба да биде водечко, но тоа бара многу работа од двете страни.

Бугарија и Македонија мора да работат заедно – истакна Петков.

На прашањето дали Русија се меша во бугарско-македонските односи преку филмот „Една вера, еден јазик“, Петков коментира дека тезите претставени во филмот се сосема спротивни на добрососедските односи меѓу Бугарија и Македонија.

Петков воедно потсетува дека бугарската Влада се изјаснила против филмот и не само што не го одобрува, туку и силно го критикува.

Бугарија не може да биде рамнодушна кога некој се обидува да ја поткопа бугарската историја – наведе Петков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.