Бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на својот Фејсбук профил објави дека никој нема да ги спречи него и македонскиот премиер Димитар Ковачевски да напредуваат во односите меѓу Софија и Скопје.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, Бугарија и Македонија треба активно да го промовираат развојот на заеднички компании, кои заедно ќе создаваат голема додадена вредност, да имаат растечки економии, заеднички детски кампови, заеднички концерти, да имаме заеднички образовни програми, да нема граница меѓу нашите две земји, да нема дискриминација, да нема говор на омраза, да се градат автопати и да имаме модерни железнички линии.
За многумина, според бугарскиот премиер Кирил Петков, овие зборови звучат како сон, други организираат секакви провокации за тоа да не се случи, а трети едноставно не сакаат стабилност на Балканот.
Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме упорно и заедно да го постигнеме тоа. А на сите злонамерни страни можам само да им порачам „нема да нè спречите!“, објави Петков.
Тој не кажа зошто го исече македонскиот премиер од заедничката фотографија:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.