Министерот за образование и наука Јетон Шаќири веќе неколку пати повторува дека ја подржува Концепцијата за реформи во основното образование на Мила Царовска и ќе продолжи да ја спроведува. Покрај ваквите изјави министерот сепак ги поништи учебниците целно напишани за оваа реформа, вели професорката Весна Јаневска.

Додава дека иако учебниците навистина биле креирани во екстремно кус рок, а кај некои од нив нашле сериозни замерки, сепак овие учебници поминале рецензија и конечно претходната министерка ги прифатила.

Од овие учебници 20% се печатени и за тоа се платени пари. По овие учебници учеа децата од прво и четврто одделение. За обие учебници се исплатени хонорари на авторите.

Го прашувам Министерот:
1. Дали секој следен министер ќе ги поништува претходните учебници и ќе троши пари на даночните обврзници?
2. Ако учебниците не биле добри, зошто се одобрени?
3. Кој заработи најмногу од оваа состојба и кој допрва ќе заработува од тоа?
4. Учеа ли учениците по несоодветни учебници?
5. Не можеа ли да се направат 30% промени како што дозволува законот?

Сè е во игра, само учениците не се, на нив никој не мисли!, вели Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.