Ветувавте живот за сите, се сеќавате на ова лого, со ова лого ветувавте, а што донесовте во 21 век дозволивте да почине човек затоа што не набавивте лек. Вие сте луѓето на чија совест ќе биде животот на починатиот со цистична фиброза. Која нечовечност, насмеани, дотерани, а народот трпи за леб. Предлагате реконструкција на Влада, а вие сте за разрешување од прв до последен. Ако вие сте припадници на буржоазијата и ги водите бизнисите со струја, народот трпи. И од ЕУ интеграцијата нема ништо, иако устите ви беа полни со евроинтеграции, а доживеавте да има најголем евроскептицизам, рече пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска дебата за разрешување на членови на Владата.

Пешевска посочи дека ова е разрешување на министерот за здравство, Беким Сали, а не слушнавме ништо за состојбите во здравството.

Не слушнавме ни за модуларната во Тетово. Вие се плашите да одите на избори, работите на агенда на туѓа држава, вие ова не го понудивте на граѓаните, рече Пешевска.

По една година од формирање на Владата која ја предводи Димитар Ковачевски има трагедија за онаа во Тетово, во Бугарија, рече Пешевска, но заклучи таа дека немаме никаква одговорност. Пешевска укажа дека криминал е второ име на оваа Влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.