Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ, преку статус на Фејсбук вели дека и на неа и ставиле лисици на рацете пред нејзините деца.
„Чистата совест е најважното нешто во човечкиот живот.
За жал пратениците од СДСМ денес ја пропуштија шансата барем малку да си ја исчистат совеста.
Шестта година по ред неправедно осудени луѓе, лежат во затвор. Веќе шест години мајки плачат по своите чеда, а деца плачат по своите родители.
Јас најдобро знам како е децата да плачат, бидејќи и мене тоа срамно утро за правниот систем ми ставија лисици на рацете и ме земаа од домот во 05:00 часот наутро, пред очите на моите деца, недозволувајќи ми да се поздравам со нив.
Зборуваат за помирување во општеството, а среќни ги прави тоа што некој на правдина е во затвор. Се преставуваат за големи визионери кон иднината, а забораваат дека години пред ние да бидеме пратеници, беше донесена аместија за многу потешки дела.
Денот поминат неправедно во затвор е цела вечност, робувате бидејќи ја сакате Македонија. Вие сте луѓето херои на денешнината. Неправдата боли и пече…“, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.