Пензионерите од Пехчево кои не обезбедија превоз за учество на генералниот протест во Скопје, своите барања за линеарно покачување на пензиите, ги повторија на собирот кој се одржа на плоштадот „Св.Петар и Павле“ во Пехчево.

Од Иницијативниот одбор на пензионерите од Пехчево уште еднаш ги повторија барањата за линеарно зголемување на пензиите за 3500 денари и воведување минимална пензија од 18.000 денари.

Не сакаме социјална помош која ни се нуди, сакаме линерано покачување бидејки и ние сме биле работници во оваа држава, ако се покачи за 78 проценти платата на фунцкионерите така нека се покачи пензијата и на пензионерите. Со нашатата пензија до 10 во месецот издржуваме и тоа е. Тука пензионери останавме само, повеќето се со пензија од 12 илјади денари, а сметки имаме за дрва, струја. Има и полошо од тоа, затоа предлагам тоа што е побарано да се усвои, истакнаа од Иницијативниот одбор на пензионерите од Пехчево.

Претседателката на Здружението на пензионерит од Пехчево, Павлина Цековска истакна дека денес не заминале на протест во Скопје поради немање средства.

И покрјај тоа даваме целосна поддршка на пензионерите кои беа таму. Истовремено си давам за право и чувствувам потреба да се обратам до претседателката на Сојузот на Пензионери, со 12 илјади денари ако може некој да опстои во оваа држава нека повели да си ги смениме местата, па да видиме како се живее. Поздрав до сите пензионери, да сме живи и здрави и поддршка даваме на сите пензионери, додаде претседателката на Здружението на пензионери од Пехчево.

Групата незадоволни пензионери од Пехчево најавија дека со протести ќе продолжат се додека не бидат усвоени нивните барања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.