Деведесет и осум проценти од Европејците дишат високо загаден воздух, што предизвикува 400.000 смртни случаи годишно, открива „Гардијан“.

Европа се соочува со сериозна јавна здравствена криза, при што речиси сите ширум континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот.

Анализата на податоците собрани со помош на најновата методологија, која вклучува детални сателитски снимки и мерења од повеќе од 1.400 копнени станици за мониторинг, открива страшна слика за загадениот воздух.

Најзагадена земја во Европа е Македонија. Речиси две третини од луѓето ширум земјата живеат во области со загаденост повеќе од четири пати повисока од упатствата на СЗО, додека во четири области е регистрирана загаденост на воздухот речиси шест пати повеќе од дозволените бројки, вклучувајќи го и главниот град Скопје.

Источна Европа е значително позагадена од Западна Европа,

„Гардијан“ соработувал со експерти за загадување за да изработи интерактивна мапа, која ги открива најпогодените области на континентот. Мерењата се однесуваат на ПМ 2.5, кои се ситни честички во воздухот произведени главно со согорување на фосилни горива, од кои некои можат да поминат низ белите дробови и директно во крвотокот, зафаќајќи го речиси секој орган во телото.

Тековните упатства на СЗО наведуваат дека годишните просечни концентрации на ПМ 2,5 не треба да надминуваат 5 микрограми на кубен метар (µg/m 3). Новата анализа покажа дека само 2% од населението во Европа живее во области во оваа граница. Експертите велат дека загадувањето со ПМ 2.5 предизвикува околу 400.000 смртни случаи годишно низ целиот континент.

Ова е сериозна јавно-здравствена криза. Она што го гледаме сосема јасно е дека речиси сите во Европа дишат нездрав воздух“, вели Роел Вермеулен, професор по еколошка епидемиологија на Универзитетот во Утрехт, Холандија, кој го предводел тимот на истражувачи ширум континентот што ги собираше податоците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.