Блокадата на автобуските превозници во Скопје нанесува огромна штета на граѓаните. Секој по половина час најмалку во денот вози повеќе, троши гориво, се губат работни часови, се губат бизниси што е огромна штета за граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, одговарајќи денеска на новинарско прашање во Струмица.

Додаде дека не може да каже кои мерки ќе се преземат, но состојбата се следела.

Непријатна е, големи штети трпат граѓаните заради, па можам да речам, некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние доаѓајќи накај Струмица едвај излеговме од Скопје, непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека го креираат. А вака, штетата ја плаќаат граѓаните, истакна министерот Пенов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.