На митингот во Радовиш, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани, се осврна на повикот на Христијан Мицкоски до другите партии.

Според Пендаровски, повикот на Мицкоски е показател дека на неговата партија не ѝ оди баш добро и според планираното сценарио.

„Коалиции се прават врз основа на исти вредности и приницпити, ако веруваш во принципите и вредностите на пример на Левица, нормално ќе направиш коалиција со нив. Ние сме во коалиција од над 15 партии и таа трае со години и таа е коалиција базирана на вредности и принципи. Знаете како велат со кој си таков си, тие сакаат да бидат со таквите, мене ме чуди само тајмингот кога е тоа објавено. Значи, стартуваш во кампања и сред кампања бараш помош. За мене тоа е јасен знак дека работите не им одат на добро, ниту на ВМРО-ДПМНЕ ниту на нивниот лидер. Има информации дека тие уште пред година дена веќе ги поделија функциите, се направија победници и сега да бараш помош во сред кампања од кого било е прилично необично. Тие планираа огромна победа и мислам дека веќе имаа договорено и музика и локација за прославата“ порача Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.