Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Чешката Република.

Денеска, 29 август 2023 година, вторник, во Прага претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Чешката Република, Петр Павел, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот на Парламентот, Милош Вистрчил, со претседателката на Домот на пратениците на Парламентот, Маркета Пекарова Адамова и со претседателот на Владата, Петр Фиала.

За време на официјалната посета на Чешката Република, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.