Претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до сите православни верници, како и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата.
– Празникот на христовата победа над смртта има посебно место во срцето на секој христијанин и инспирира вера, надеж и љубов. Посакувам овие празнични денови да се посветиме на најблиските и да даруваме насмевки, ведрина и оптимизам. Заедно да придонесеме за просперитетот, напредокот и благосостојбата на нашата татковина. Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе добра мисла, оптимизам и инспирација за правење добри дела и помагање на сите на кои им потребна помош и поддршка без разлика на религиската или етничката припадност. Да внесеме светлина и топлина во нашите животи осмислувајќи ги и спротивставувајќи се на сите кризи, проблеми и искушенија, пишува Пендаровски во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.