Претседателот Стево Пендаровски денеска во Цетиње со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, со што започна неговата дводневна официјална посета на Црна Гора.

 

По тет-а-тет средбата на претседателот Пендаровски со претседателот Ѓукановиќ, делегациите на Република Македонија и Црна Гора одржаа пленарен состанок на кој беа потврдени одличните традиционални партнерски и пријателски односи, како и плодниот политички дијалог меѓу двете држави.

Во контекст на регионалната соработка, се разгледаа и прашањата од значење за европската иднина на двете држави, како и геополитичките случувања во поширокото соседство и влијанието од руската воена инвазија врз Украина.

 

Претседателот Пендаровски денеска ќе оствари средби и со Здравко Кривокапиќпретседател на Владата на Црна Гора и со Дритан Абазовиќ, потпретседател на Владата и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

 

 

Во среда – 13 април 2022 година, во Бар ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Македонија и Црна Гора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.