Прв ќе излезам на гласање на евентуален референдум и тоа изутрината во 7 часот на гласачките места доколку прашањето гласи: „Дали сте за тоа Македонија да стане членка на Европската Унија? – рече претседателот на Република Македонија во вчерашното интервју за „Слободен печат“.

Во разговорот со новинарот Зоран Иванов, Пендаровски зборуваше за домашните политички збиднувања, за надворешната политика, проблемите во правосудството, за партизираноста на институциите како и за глобалните безбедносни случувања.

Прашањето кое Левица сака да го употреби во референдумското изјаснување е збунувачко и нејасно за граѓаните. Истото го повторувам периодов кога станува збор за референдум и кога ваква слична иницијатива поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. Против сум вакви прашања кои сега Левица ги пласира во кои содржат збунувачка содржина – вели претседателот Пендаровски.


Целото интервју ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.