И Стево Пендаровски призна дека владата на СДС и ДУИ и тој како претседател ја ставиле државата во подредена положба на Бугарија, и го врзале нашиот напредок кон ЕУ на желбата на Бугарија и нејзината интерпретација на историјата, рече на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Самиот Пендаровски кажа дека откако историските комисија од двете држави ќе се согласат за одредена личност тоа треба да го прифатат двете влади, ако двете влади не се согласат, тогаш следува вето од Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ, потсети Лефков.
Изјавата на Пендаровски почнува од 43 секунда:
Го прашуваме Стево Пендаровски дали уште е на овој став или и тој го сменил, или треба првин да праша во СДС дали може да има уште таков став?
Стево може да побара одобрување или да најде изговор или нова интерпретација, но фактот дека тој и СДС и ДУИ ја заглавија Македонија нема да се смени.
Стево Пендаровски е најконфузниот политичар кој некогаш бил избран на било каква функција во Македонија.
Со Стево Пендаровски имаме измеќар на СДС и ДУИ. Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме, рече Лефков на прес-конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.