Шефот на државата најави дека на 1 октомври ќе отпатува во Софија, на покана на бугарскиот претседател Румен Радев.

Пендаровски досега имал четири телефонски разговори со неговиот колега Радев, на тема увоз на електрична енергија.

Тој информира дека таму се отвора интерконекторот меѓу Грција и Бугарија, а ќе бидат присутни, како што е најавено, и неколку претседатели и премиери од регионот, со цел да покажеме дека не треба да се гледаме и понатаму како непријатели, напротив како добри соседи кои си помагаат и во невоља..

– Од бугаризација се плашат или најавуваат дека ќе ни се случи само Македонците кои имаат лабаво национално самочувство. Навредливо е за македонската нација да кажеш дека протокол, договор, преку механизми на европска интеграција, дека јас и ти можеме да станеме Бугари. Тој дух на наводна бугаризација која ни се заканува е измислена од страна на опозицијата за да го плаши македонскиот народ, кој има свои длабоки корени и цврсто втемелено национално члувство, а ние сме токму тоа, нема потреба да се плаши од бугаризација. Мислам дека тоа е испукан ќор фишек, бидејќи нема никаква опасност дека ние низ европските процеси на крајот на станеме Бугари, дециден е Пендаровски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.