Ставот на претседателот на државата Стево Пендаровски е дека во наредните 14 месеци скринингот е апсолутно најважниот политички приоритет за нас. Да се фатиме за реформи, нагласи тој, бидејќи имаме доста домашни задачи на тој план.

– Не мислм дека промената на Уставот денес или во месеците кои доаѓаат, треба да биде политички приоритет на Владата. Но, ако Владата која има мнозинство во Парламентот мисли поинаку, не можат да речам не. Мислам дека треба да се посветиме на работите кои додека преговараме и чекавме изминатите две години за некако да ја надминеме бугарската блокада, тука некои работи не одеа на добро, особено во делот на владеење на правото и борбата против високата корупција, рече претседателот Пендаровски вечерва во гостувањето во магазинот Трилинг на ТВ 24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.