Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска со семејството по повод Воскресението Христово – Велигден присустуваше на света литургија во храмот „Свети Никола“ во Охрид.
Ви посакувам мирни празнични денови со вашите најблиски, спокој и радост во срцата. За многу години Велигден, Христос воскресна, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил.
На припадниците од православна вероиспод им посака празничните денови да ги поминат, пред сѐ, во добро здравје, неизмерна радост и во среќа, исполнети со духовен мир.
Вдахновени од Христовото страдање за човештвото и од неговото воскреснување да им дадеме смисла на нашите животи и да ги победиме искушенијата, отворајќи ги нашите срца и споделувајќи безусловна љубов, стои во велигденската честитка на претседателот Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.