Ако не поведе после првиот круг на претседателските избори на 24 април, Стево Пендаровски веќе нема да се сретне со граѓаните на Делчево.

На митингот во овој град тој даде шокантна изјава:

– Иначе не ви идам уопште ако не водам после првиот круг!

Претседателскиот кандидат на СДСМ потсети дека на изборите во 2019 година победил во Делчево. После оваа чудна изјава, останаа нејасни неколку работи.

Прво, дали Пендаровски во кампањата за вториот изборен круг нема да ги посети сите градови во кои нема да води, а победил во 2019 година?

Второ, дали со една ваква изјава Пендаровски бара алиби за евентуалниот пораз во првиот изборен круг?

И трето, колкаво водство на неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова ќе се смета за причини Пендаровски веќе никому “уопште” да не иде во кампањата?

Ова е таа чудна изјава на претседателскиот кандидат на СДСМ:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.