Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на државната погребна служба на кралицата Елизабета Втора.

По службата, претседателот Пендаровски присуствуваше на приемот што го приреди Секретарот за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли.

Вчера, претседателот Пендаровски во Вестминстерската сала оддаде почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, а во Ланкастер хаус се потпиша во книгата на жалост.

Вчеравечер, претседателот Пендаровски во Бакингамската палата присуствуваше на приемот што за шефовите на делегациите го приреди кралот Чарлс Трети.

На погребната служба во Вестминстерската опатија, присуствуваа над 2.000 високи гости од целиот свет. Ѕвоната на Вестминстерската опатија биеја 96 пати на секоја минута, означувајќи ја должината на животот накралицата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.